Шокантно откритие на ФБИ: Џозеф и Хантер Бајден добиле 10 милиони долари од украински олигарх

Републиканскиот сенатор Чак Грасли објави документ од доушник на ФБИ, во кој се наведува дека украинскиот олигарх платил 10 милиони долари на американскиот претседател Џо Бајден и неговиот син Хантер.

Во 2016 година сопственикот на гасната компанија „Буризма холдингс“ Никола Злочевски му кажал на доушник на Федералното истражно биро дека бил „принуден“ на Бајден и неговиот син да им плати по пет милиони долари, пишува Њујорк пост.

„Злочевски коментираше дека иако Хантер Бајден е глупав, а неговото куче е попаметно, тој морал да го држи Хантер во одборот на Бурисма за сè да биде во ред“, се вели во документот на ФБИ од јуни 2020 година.

Украинецот додаде дека и Хантер и Џо наводно му рекле дека мора да го задржи помладиот Бајден во управниот одбор на неговата компанија.

Злочевски во разговорот со американскиот доушник рече дека има 17 снимки од разговори со Бајденови, како и многу пораки и два документи кои ги поткрепуваат неговите обвинувања.

Според него, овие докази покажуваат дека тој „на некој начин бил принуден да им плати на Бајден за да се осигура дека украинскиот државен обвинител Виктор Шокин е отпуштен“.

Тој додаде дека не испратил никакви средства на „големиот човек“, односно Џо Бајден, велејќи дека на истражителите ќе им требаат 10 години за да ги откријат нелегалните трансфери на пари.

Бајден јавно призна во 2018 година дека искористил 1 милијарда долари за да го принуди Шокин да поднесе оставка од функцијата јавен обвинител, што се случи во март 2016 година, според американскиот весник.

Вработувањето на Хантер Бајден во Бурисма беше главна вест во САД во 2019 година, кога тогашниот претседател Доналд Трамп беше отповикан поради притисок врз украинските власти да ги истражат таткото и синот Бајден.

Треба да знаете
Последни објави