Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид кој во својот премиерен настап во елитното натпреварување на домашната сцена оствари голем успех со освојувањето на второто место и извадена виза за учество во Лига Европа, ги дозна ривалите со кои ќе се соочи во групата од ова меѓународно натпреаврување.
Тимот од Автокоманда ќе игра во групата Ф од Лигата на Европа со екипите на Силкеборг, Ла Риоха и Војводина.
Алкалоид на денешнатаљ ждрепка чекаше противници од вториот барабан и од првиот го доби силниот дански тим Силкеборг, додека од третиот и четвртиот беа извлечени шпанскиот Ла Риоха и српскиот ривал Војводина.
Ова е епилогот за македонскиот сигурен претставник во групната фаза, во која може да се најде и Вардар доколку го мине Рајн Некар во квалификациското коло.
Во тој случај Вардар ќе игра во групата А, во која се моќни тимови како Нант, Кристијанштад и Бенфика.