Војник на грчката елитна падобранска единица предизвика инцидент утринава кога фрли шок бомба предизвикувајќи паника, а потоа го зеде својот командант како заложник.
Според неофицијални информации, се слушнале и истрели.
Тој наводно влегол во просторијата каде што се наоѓа командата на единицата, фрлил шок бомба, а потоа го зел командантот како заложник, го претепал и му се заканил дека ќе го убие, пишува Прототема.
Во еден момент командантот успеал да побегне со помош на друг војник, а припадниците на воената полиција апселе.
По инцидентот, на местото на настанот брзо пристигнале силни полициски сили.