Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и вечерва беа погодени од суперќелиска олуја што почна попладнето во Милано. Силниот ветер со пороен дожд, носеше се пред себе, не места имаше и град со големина на тениско топче. За среќа во ова невреме, нема повредени ниту загинати.
Во Сомбор имаше откоранти дрвја и кровови, а ништо подбро не беше ниту во Суботица, Врбас, Нови Сад каде имаше поплавени улици, оштетени автомобили, а некои делови останаа и без електрична енергија. Во менотв невремето се доближува до Белград.
Предходно делови од Хрватска беа на удар. Орканскиот ветар урна кран на пристаништето во Риека, паѓаа дрвја во Умаг, крупен град ги покри улиците во Пула.
Штетите од денешното невреме, второ во само три дена, допрва ќе се утврдуваат.