Поголем дел од луѓето цел живот трчаат по пари и слава, но вистинската среќа ја носат единствено добрите односи со блиските луѓе, покажало најдолготрајното истражување за човековата благосостојба кое некогаш било направено во светот.
Тоа истражување трае од 1938 до денес, опишано е во книгата „Добар живот“ на двајца професори од Харвард.
Професорите Роберт Валдиџер и Марк Шулс од американскиот Универзитет Харвард во книгата ги претставиле резултатите од истражувањето кои на почеток опфаќале 724 учесници и до денес се проширило на над 1.300 нивни потомци во три генерации.
Книгата на околу 350 страници низ десет поглавја говори за тоа што го прави животот добар, зошто односите се важни, за социјалните вештини и за опкружувањето со пријателите, семејството и колегите.
268 студенти и 468 момчиња од сиромашни семејства
На почетната група од 268 студенти со висок статус во општеството од најстариот Универзитет во Америка и еден од највлијателните во светот – Харвард, истражувачите им додале 456 момчиња од сиромашниот дел од Бостон, двојно дискриминирани и со понизок статус, за да се обидат да ги споредат нивните животи и да успеат да дознаат што ќе ги одведе на вистинскиот пат.
Книгата на благосостојбата учесникот го гледа од многу различни агли, од снимање на мозокот и крвни анализи до видеоснимки на кои говорат за своите најголеми грижи.
„Им поставивме илјада прашања и направивме стотици мерења, на секои две години им испраќаме долги прашалници и документација со многу страници“, истакнале авторите.
Истражувањето може да се сведе на заклучок дека квалитетните односи ги прават луѓето поздрави и посреќни и дека социјалните врски се навистина добри за луѓето, а дека осаменоста ги убива. Меѓутоа, горчливата вистина е тоа што луѓето тешко сфаќаат што е добро за нив и често мислат дека тоа нешто е како цел после која престануваат сите проблеми.
Среќа или благосостојба
„Ние сме само луѓе, сакаме брзо решение“, велат авторите и додаваат дека среќата е чувство дека нашиот живот вреди и дека има смисла и сугерира на подобар израз за неговата благосостојба.
Тоа не е одлука која ја носиме само еднаш во животот, туку тоа е прашање на избор кое се повторува од секунда во секунда, од недела во недела, од година во година и секако за себе треба да ја барате среќата.
„Во тоа може да им помогне учењето на децата на социјални вештини, особено денес кога владее технологијата и околностите како пандемија“, заклучуваат научниците и напоменуваат дека секој од нас во секој момент од животот може да тргне во потрагата по среќа.