Една недела обвинителството на СДС и ДУИ молчи за скандалот со шпионски софтвер Предатор кој има за цел прислушкување на граѓаните.
Една недела Димитар Ковачевски се крие и не одговара зошто дозволил спротивно на сите законски процедури Македонија да го купи шпионски софтвер Предатор.
Фирмата Сајтрокс која е на црната листа на САД поради нарушување на сајбер безбедноста на граѓани и организации низ светот, го развила шпионскиот софтвер предатор во Скопје.
Со овој софтвер, Ковачевски и СДС незаконски ги следат и масовно прислушкуваат граѓаните и директно го кршат уставното право на приватност и тајност.
Ковачевски сака преку низа криминални дејанија да опстои на власт.
Ковачевски навлегува во приватноста на граѓаните, притоа нарушувајќи го имиџот на државата пред стратршкиот партнер поради соработка со фирма која е на црната листа на САД.
И шефот на грчкото разузнавање јасно потврдуви дека овој софтвер се користел во Грција за шпионажа на политичари, медиуми и бизнисмени, а истиот се користел и во Макееонија.
И поради тоа се поставува прашањето дали Ковачевски со овој шпионски софтвер сакал да ги уценува и да им се заканува на неговите политички неистомисленици за да направи некое ново криминално дејание?
Ковачевски и СДС мора да одговорат пред цела македонска јавност, која е целта за шпионскиот софтвер во Македонија?
ЈО веднаш да постапи по допрен глас и да покрене истрага зошто Ковачевски се дрзнал да го набави софтверот Предатор и колкав е бројот на граѓани кои се следат и прислушкуваат?
Ковачевски и владата ќе одговараат за злосторничко здружување против безбедноста и приватноста на граѓаните.