Најмалку четворица загинати во трговски центар во Москва, откако пукнала цевка со врела вода

Најмалку четири лица загинаа кога пукна цевка со врела вода во трговскиот центар „Сезони“ во руската престолнина Москва, потврди за ТАСС градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.

Сите настрадини биле вработени во супермаркетот „Глобален гурман“ што се наоѓа во подземниот дел на трговскиот центар.

Првично беше објавено дека има и деветмина повредени, но руските спасувачки служби не ја исклучуваат можноста нивниот број да се зголеми.

Според очевидец, откако пукнала цевката за топла вода во трговскиот центар, не се огласил алармот за евакуација.

Треба да знаете
Последни објави