ДПМНЕ повторно покажаа дека воопшто не им е грижа за граѓаните и за нивниот стандард.
Пратениците на ДПМНЕ во собранието не гласаа за законските решенија за укинување на каматите и трошоците за брзите кредити.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за извршување и на Законот за облигациони односи, што стави крај на огромните каматни стапки и должничкото ропство во кое беа заглавени илјадници граѓани.
Каматата повеќе нема да смее да го надминува износот на главниот долг, нема повеќе ситуации каде за долг од 1.000 се враќа и до 10.000 денари.
Се регулираат и таканаречените брзи кредити, каде трошоците не можат да бидат повисоки од 60 отсто од износот на кредитот.
Прекината е праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари.
СДСМ продолжува со конкретни мерки и политики што ги штитат граѓаните и го унапредуваат нивниот економски стандард.