ДПМНЕ дрско и подмолно лаже, токму тоа е партијата симбол на масовно незаконско прислушување.
Над 20.000 граѓани, политичари, новинари, бизнисмени и јавни личности со години беа нелегално прислушувани од страна на режимот на ДПМНЕ.
Таквите злоупотреби на безбедносните служби за партиски и лични цели завршија со падот на режимот.
Денес Оперативно техничката агенција која е независна агенција, јавно соопшти дека не се кроисти таков софтвер за кој говор ДПМНЕ.
ОТА е под надлежност на Собранието, а Владата и премиерот Ковачевски немаат никаква врска со неа.
ДПМНЕ се очајни. Во одговор на пратеничко прашање и самиот претседател на СДСМ и премиер Ковачевски јавно го има повикано и обвинителство, да истражи се што е потребно, по што уште еднаш ќе се демантира нова голема лага од ДПМНЕ.