Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во facebook објава изрази задоволсто од средбите со граѓаните во рамки на „Отворен Кабинет”.
Задоволен сум од средбите со граѓаните во рамки на „Отворен Кабинет” – граѓаните ја препознаваат подготвеноста да ги слушнеме, со предлози кои доаѓаат директно од нив, кои заедно со тимот ги гледаме со огромно внимание, заради тоа што тоа се проблеми кои граѓаните ги согледуваат и со кои се соочуваат и на тој начин можеме да имаме брзи решенија.
Граѓаните многу малку доаѓаат за лични работи, доаѓаат за општо добро на сите граѓани.
Разговараме за безбедноста во сообраќајот, ги слушаме пофалбите за повидливото присуство на полицијата низ градовите, очигледни се контролите на сообраќајната полиција, намалувањето на нарушувањата на Јавен ред и мир, на тешките кражби, на разбојништвата…, ги слушаме предлозите во делот на управните работи, во делот на издавањето на одобренија… – сето тоа создава перцепција кај граѓаните дека е многу подобрена безбедносната состојба.
Заеднички констатиравме низ сите досегашни средби низ државата – дека нема селективност во постапувањето, се постапува по сите предмети, без разлика за што се работи!