Жители на Дабиле се вклучија во потрагата по момчето кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош

Се уште трае потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој на 16 овој месец исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

Вчера попладне во потрагата се вклучија жители на селото Дабиле, кои со чамец и сонар ја пребаруваа браната, но петчасовната потрага не даде резултат.

На фејсбук групата „Дабиле“ најавуваат дека потрагата ќе продолжи и денеска попладне и се надеваат дека ќе биде пронајдено телото на исчезнатото момче.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, потрагата по момчето ја отежнуваат лошиот терен, милта и заматената вода.

Инаку, на 16 јули 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

Треба да знаете
Последни објави