Иранскиот договор за купување на долго посакуваните борбени авиони Сухој Су-35 од Русија неочекувано пропадна, а тоа имплицитно го призна иранскиот министер за одбрана Мохамад-Реза Гараеи Аштиани, пренесоа иранските медиуми.
На прашањето за статусот на договорот, за кој првично се тврдеше дека е завршен уште минатата година, Аштиани сега предложи промена во стратегијата, што укажува дека неговиот одговор ја покажува способноста на Иран сам да ги произведува овие ловци со високи перформанси.
Иранските власти во минатото постојано најавуваа дека престојат договори со Русија за купување на борбени авиони Сухој Су-35. И покрај овие тврдења, опипливи резултати не беа забележани.
Аштиани, не сакајќи да открие детали, само кажа: „Во еден момент се договоривме за купување, но сфативме дека имаме способност да ги произведуваме овие борбени авиони во нашата земја“.
Тој, сепак, не ја исклучи можноста повторно да се разгледа опцијата за купување, наведувајќи дека властите „ја проценуваат ситуацијата“.
Интересно е што во 2018 година Иран објави дека почнал со производство на ловецот „Ковсар“ (Kowsar), локално дизајниран авион за употреба во неговите воздухопловни сили. Некои одбранбени експерти шпекулираат дека авионот „Ковсар“ е директна копија на „Ф-5“, модел што за првпат беше произведен во САД во 1960-тите.