СДСМ: ДПМНЕ – партијата симбол на масовно прислушување денес очајно шири лажни вести, институциите да ги испитаат сите нивни лажни тврдења

ДПМНЕ дрско и подмолно лаже, токму тоа е партијата симбол на масовно незаконско прислушување. 

Над 20.000 граѓани, политичари, новинари, бизнисмени и јавни личности со години беа нелегално прислушувани од страна на режимот на ДПМНЕ. 

Таквите злоупотреби на безбедносните служби за партиски и лични цели завршија со падот на режимот. 

Денес Оперативно техничката агенција која е независна агенција, јавно соопшти дека не се кроисти таков софтвер за кој говор ДПМНЕ. 

ОТА е под надлежност на Собранието, а Владата и премиерот Ковачевски немаат никаква врска со неа.

ДПМНЕ се очајни. Во одговор на пратеничко прашање и самиот претседател на СДСМ и премиер Ковачевски јавно го има повикано и обвинителство, да истражи се што е потребно, по што уште еднаш ќе се демантира нова голема лага од ДПМНЕ. 

Треба да знаете
Последни објави