На денешниот саем на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија” организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на панел дискусија на тема „Економија” свое обраќање имаше Драгана Бојковска, член на ИК на УМС која што истакна дека имаме пораст на инфлација во Македонија, се соочуваме со најниски плати, а оваа политика, и даночна реформа на оваа влада не носи само до пропаст каде младите се казнети баш поради овие лоши политики кои што ги носи власта и затоа час поскоро треба да се стави крај на оваа власт на СДС и ДУИ и лошите политики особено во однос на реформите во економијата да запрат.
„Во рамките на караванот „Иднина за сите во Македонија” на УМС кој што го спроведовме издржавме и на ова време докажавме дека УМС е секогаш со младите, тука сме да ги слушнеме идеите на младите и да ги поддржиме и да понудиме проекти за млади. Во Македонија сивата економија зафаќа 30 проценти од бруто домашниот производ, тоа е една третина и тоа е поразувачка ситуација за една држава каде што оние кои што чесно работат, плаќаат даноци се казнети на сметка на оние кои што се привилегирани. Имаме актуелен закон за солидарност кој што оваа влада пробува да го вметне а ќе го поврзам со сивата економија затоа што имаме ситуација каде што оние вложуваат капитал, вложуваат знаење оние кои што работаат најмногу се на некој начин казнувани. Сите знаеме дека овие пари кои што владата планира да ги собере во рамки на овој закон дека ќе завршат во тендери во четири очи, сведоци сме на корупција која што владее во Македонија, и владата наместо да сузбива корупција и сива економија таа напротив предлага и носи законски решенија кои што на некој начин поттикнуваат сива економија и корупција. Тоа е поразувачки за секој млад човек кој што сака да остане да живее и работи во Македонија, бидејќи нема мотив своето знаење и капитал да го инвестира тука, и поради тоа се иселуваат младите. Исто така законот за ДДВ и таканаречената даночна реформа на оваа влада со овие измени пробуваат да доведат до покачување на ДДВ-то на над 4 000 прехранбени производи кои што притоа никој не знае на кои производи точно тоа се однесува, а се соочуваме со сериозно лош животен стандард и куповната моќ е сериозно опадната. Имаме пораст на инфлација во Македонија, се соочуваме со најниски плати, а оваа политика, даночна реформа на оваа влада не носи само до пропаст на младите во државата. Младите се казнети баш поради овие лоши политики кои што ги носи власта но час поскоро треба да се стави крај на оваа власт на СДС и ДУИ и лошите политики особено за економските реформи да се запрат” истакна Бојковска.
Столе Пандов, член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, кој во последните неколку месеци работи во осигурителна компанија во секторот продажба и каде што од блиску има можност да види и почувствува дека финансиската состојба на правните и физичките лица во Македонија е многу лоша.
Тој посочи дека македонските граѓани и фирми се во многу лоша состојба одвај врзуваат крај со крај, заглавени се со кредити и рати, дека во Македонија владее немаштија и за тоа не е ни чудно зошто младите лица ја напуштат државата.
„Еве ќе дадам пример, во Македонија каде што правните и физичките лица 30% се осигураат, во Австрија се осигураат 90%. И тоа не е затоа што компаниите и физичките лица не знаат или немаат потреба за осигурување, туку тоа е затоа што не можат да врзат крај со крај. Едноставно владее немаштија и компаниите мораат да скратат на осигурување за да имаат финансии за да си ги исплатат вработените. До пред три месеци работев во поголема банка каде што имав уште подетален увид на финансиската ситуација на македонските граѓани и фирми, каде што истите не можат повеќе да земат кредити, заглавени се со рати, избркани од работа, дадени на извршители. Едноставно, ситуацијата не е како што треба и не е чудо зошто младите ја напуштаат нашата Македонија”, истакна Пандов.