Четири лица загинаа кога хеликоптер се урна во езеро во регионот Северен Слоуп, во американската сојузна држава Алјаска, соопштија официјални лица.
Во несреќата нема преживеани, а загинаа пилотот и тројца вработени во Одделот за геолошко-геофизички истражувања кои работеле на терен, соопштија властите.
Според општински претставник, хеликоптерот „Бел 206“ во четвртокот доцна вечерта по локално време бил пријавен за исчезнат, по што тимот за пребарување и спасување пронашол остатоци што одговараат на описот на исчезнатиот хеликоптер, но не било пронајдено тело.
-Хеликоптерот тргнал од најсеверниот град Уткијагвик на Алјаска и требаше да се врати таму, изјави Клинт Џонсон, регионален шеф на Националниот одбор за безбедност на транспортот на Алјаска.