Корисници од згради на бул. „Јане Сандански“ во општина Аеродром утре (24 јули) претпладне ќе немаат струја, соопшти Центарот за управување со кризи по известување од ЕВН Македонија АД.
Од 7 до 9.30 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од броевите: 74, 75, 76, 77, 78, 79 и 80, а од 7.40 до 11 часот струја ќе немаат корисниците од зградите со броеви: 104, 105, 106, 107, 108 и 109 на булеварот „Јане Сандански“.