(Видео) Под урнатините од надвозник кој се урна на влезот во Патра, едно лице загина осум се повредени

Дел од мостот на влезот во грчкиот град Патра на патот кон Атин, денеска се урна, а портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис информираше дека несреќата се случила кусо пред 13 часот по локално време, а во спасувачката акција учествуваат 35 пожарникари со 12 возила, специјални спасувачки екипи со две кучиња и дронови, а на местото се и пет возила на брзата помош.

Соопшти дека едно лице загина, а во двете болници што се во околината се пренесени вкупно осум лица.

Според грчките медиуми, станува збор за надвозник кој од 2021 година делумно бил затворан поради поправки.

Од четвртокот, 20 јули, надвозникот е целосно затворен и е забранет сообраќајот со цел да се изгради. Засега непознати се причините за уривањето на дел од надвозникот, ниту е познато зошто луѓето биле под мостот.

Треба да знаете
Последни објави