Огромна колона возила е забележана од клучката кај Маврово во правец кон Скопје. Многубројните возилата кои се враќаат од поминат одмор или викенд во Охрид споро се движат и создаваат колона.

Овој дел од патниот правец Охрид-Скопје вообичаено е тесно грло во летните месеци кога има зголемен проток на сообраќај кон Охрид. Со високите температури кои ја зафатија земјава бројот на оние кои за време на викендот заминаа да избегаат од горештините е зголемен, што сега, кога се враќат во градовите, создава дополнителен метеж.