Тројца уапсени за уривање на мост во Грција: Продолжува потрагата по жртви под урнатините

Грчките власти уапсија три лица за уривањето на мостот во Патрас, што резултираше со смрт на едно лице, а повредени се осум лица, пренесува protothema.gr.

Уапсени се одговорниот за проектот и двајца оператори, а еден од нив е повреден и е во болница.
Несреќата се случи денеска напладне кога дел од мостот се урна на периметарот на Патра на 206-от километар од патот Патра-Пиргос, во правец на Патра.

Акцијата за извлекување на жртвите продолжува, бидејќи се проценува дека најмалку три лица се под урнатините.

Попладнево во 12 часот и 47 минути за несреќата бил известен Оперативниот центар на Противпожарната служба. На терен веднаш излегле 35 пожарникари со 12 возила, екипата ИКАРОС, со беспилотни летала, како и специјални спасувачки возила.
Полицијата го запре сообраќајот на широката обиколница на Патра во двата правци (кон Атина и кон Пиргос) како и на улицата Диодору во Патра.

Треба да знаете
Последни објави