„Илинден е еден од најсветлите празници во македонската историја. Светилник на нашата борба за посебност и независност. И тоа не може да го смени и одземе декларација на која било партија. Во или вон Македонија. Илинден е дел од секој Македонец и од целиот македонски народ, на 2ри август ќе го прославиме со полно срце и гордост како 120 години до сега.
СДСМ ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание во вторник, возврати Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ, на новинарско прашање.