Викдендот заврши, метежот од автомобили на граничниот премин „Богородица“ продолжи. На македонско-грчката граница, на преминот „Богородица“, сликата остана непроменета.
Колони возила има од последната бензиска пумпа во близина на границата, па сѐ до терминалите за проверка. Стотици автомобили, долги колони, кои чекаат на четири ленти е сликата и од овој викенд. Ниту тоа што се отворени речиси сите терминали и има шест колони не е доволно за метежот да се намали.
Според АМСМ, се чека еден час за да се помине границата и да се влезе во Македонија. Додека за излез, возачите сведочат дека чекаат и повеќе.
Голем број граѓани се упатија на море за да побегнат од топлотниот бран што ја зафати земјава, која во моментот е во портокалова фаза.