Утре, со почеток во 14 часот, министерот за економија Крешник Бектеши ќе одржи прес-конференција, најави владината прес-служба.
Обраќањето на министерот од „Илинденска“ бр. 2 е закажанo за денот кога се очекува тој да реферира за одлуката за спојување на концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, што на 27 јуни заедно со колегите ја изгласаа како дополнителна точка на владина седница, а потоа, дел од министрите тврдеа дека не биле темелно запознаени за што гласале и побараа ревизија на одлуката.