Суперлигашот Бутел го врати во своите редови младиот перспективен лев бек Иван Андревски.
Андревски доаѓа од екипата на Јуниор КВ каде што настапуваше минатата сезона и имаше забележителни настапи што беше знак за раководството на Бутел да го вратат во својата екипа. 21 годишниот двометраш со екипата на Бутел потпиша договор на две сезони.
Андревски е петото засилување по голманот Александар Стојаноски, левите бекови Лука Иваниќ и Марко Стојанов, како и десното крило Дамјан Георгиев.
Бутел Скопје претходно го ангажираше тренерот Горан Кузманоски, а договорите ги продолжија Дејан Михајловиќ, Кристијан Василевски, Владимир Јевтиќ, Кристијан Давитковски, Димитар Ѓоргиевски, Стефан Крстевски, Бојан Блажески и Наум Симјановски.