Во СДСМ досега не се разговарало за претседателските избори и тоа кој од нивната партија ќе биде идниот кандидат.
Ова во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 го истакна потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска.
Според неа, ова прашање ќе биде отворено по летните одмори.
„Не сме разговарале за оваа тема, после летните одмори ќе го отвориме ова прашање но додека да стигнеме до нашиот фаворит секако дека ќе имаме постапка внатре во партијата“, порача Лукаревска.