Претставено логото на „X“ – досегашниот „Твитер“

Сликата од новото лого за досегашниот „Твитер“, бела буква „Х“ на црна позадина, денеска беше претставена од генералниот директор на компанијата, откако сопственикот Илон Маск изјави дека сака „да се ослободи“ од логото со сината птица.

Во својата порака утрово, Линда Џакарино напиша: „’Х’ е тука, ајде да го правиме ова“.

Маск ја смени сликата на профилот во ново лого и го додаде X.com како нова УРЛ-адреса на социјалната мрежа. Маск вчера изјави дека сака да го смени логото на досегашниот „Твитер“ и на својот интернет-простор напиша: „Наскоро ќе се збогуваме со брендот досегашниот „Твитер“, а постепено и со сите птици“.

Прашан – како ќе се нарекуваат отсега „твитовите“, Маск одговори: „Иксови“ (X’s).

Џакарино додаде дека „ребрендирањето ќе донесе нови возбудливи можности“. Според наводите, Маск сака да создаде „супер апликација“ наречена „Х“. 

Треба да знаете
Последни објави