Путин со закон ја зголемува возраста на воените резервисти

 Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша Законот за зголемување на старосната граница за резервистите.

Законот предвидува зголемување на максималната старосна граница за сите рангови и категории за пет години, се наведува во соопштението на руската Влада.

Војниците, морнарите и наредниците отсега ќе можат да се повикуваат на резервна служба до 55 години Старосната граница за офицерите до чин капетан отсега ќе биде 60, додека повисоките офицери ќе служат до 65 години.

Генералите сега можат да бидат регрутирани до 70-годишна возраст.

За време на делумната мобилизација што ја нареди Путин минатата есен, Русија официјално подготви 300.000 резервисти за фронтот. 

Треба да знаете
Последни објави