При директен судар на автомобил „опел корса“, со битолски регистарски ознаки и товарно возило „сканиа“ со прилколка, со штипски регистарски ознаки, што се случи рано утрово на патот Прилеп – Ресен, животот го загуби 24-годишниот возач на патничкиот автомобил.
Од МВР известуваат дека во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, од крстосница за с.Кукуречани до место викано „Билбил Камен“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканиа“ со прилколка со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) и патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки.
Битолското обвинителство изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа со смртни последици, што се случи на патот Прилеп – Ресен.
Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител, ќе биде извршено сообраќајно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот.