Почнува окрупнување на албанскиот опозициски блок – Гаши, Касами и Меџити седнуваат на иста маса

Тројцата лидери на опозициските партии од албанскиот блок, денеска, седнуваат на иста маса. Терминот и местото не се прецизирани, но извесно е дека Африм Гаши од Алтернативата, Биљал Касами од Беса и Изет Меџити од „огнените“, кој формира ново движење, ќе се сретнат денеска.

„Да, ќе има средба. Но, сѐ уште не сме одредиле кога и каде. Ќе разговараме за можноста за соработка“, вели Гаши.

Веќе неколку месеци на маса е ставена точката за окрупнување на албанскиот опозициски блок. Целта е обединување против ДУИ оти сметаат дека тамошните функционери се грижат само за нив, но не и за граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави