Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Парламентот во Анкара во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за членство во НАТО.
– Кога парламентот ќе продолжи со работа (во октомври по летната пауза), ќе направиме сè што е потребно, а пратениците ќе го разгледаат барањето на Шведска. Конечната одлука е на пратениците, рече Ердоган во говор по седницата на владата.
Тој додаде дека Анкара е подготвена да ги реши сите проблеми со дијалог.