Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг денеска е разрешен од функцијата, објавија државните медиуми.
Тој е сменет откако еден месец не се појавуваше во јавноста, предизвикувајќи бројни шпекулации.
Чин (57), според кинеското Министерство за надворешни работи не доаѓал на работа поради неодредени здравствени причини.
На местото на Чин е именуван Ванг Ји.