НБА-кошаркарската ѕвезда од редовите на новиот шампион Денвер нагетс, интернационалецот Никола Јокиќ реши да не игра за репрезентацијата на Србија на претстојното Светско првенство. Со овој потег разочара голем број навивачи во Србија. Ги зовре социјалните мрежи каде почнаа да „фрлаат со дрвја и камења“ поради неговата ваква одлука.
Јокиќ не бил психички и физички подготвен за мундијалскиот предизвик, го оправдаа од КСС и селекторот Светислав Пешиќ. Но навивачите не прифаќаат. Изненадени се како Србинот може да прави забава и да е главен забавувач, ако му треба одмор.
Србинот организираше забава по победа на негов коњ на една од трките, а притоа ја соблече маичката и гол до појас го зема микрофонот по што почна да пее.