Од сите зависи дали граѓаните ќе имаат европски услови за живот и европски животен стандард, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на денешната Комисија за Уставни прашања во Собранието.
,,Министрите во Владата, кои се дел од широка владина коалиција, покажаа совесност и едногласно го утврдивме Предлогот за измени на Уставот. Ние решивме да не калкулираме со рејтинзи пред престојните избори следната година, користејки ги чувствителни идентитетски теми за партиски интерес. Одлучивме да не мисли секој за себе, туку да мислиме за доброто на сите – и затоа пред себе ја поставивме големата европска цел.
Сега е редот на вас пратениците. Во следните недели кога е првото гласање јасно ќе стане кој мисли за себе, а кој мисли и за своите деца и за граѓаните што ги претставув.Секој сам треба да одлучи дали ќе даде глас за Европа,глас за интеграција, или ќе го задуши гласот на совеста во себе и ќе одлучида ја однесе земјата во изолација, по нечиј налог донесен од личен интерес или интерес на други страни” посочи Ковачевски.
Претседателот Ковачевски истакна дека од следната година ЕУ ќе биде фокусирана на рефомите што треба да ги спроведе внатре во Унијата, за да може да функционира со повеќе држави членки.
,,И ние, или ќе останеме надвор од европското семејство уште долг период, или, ќе бидеме со Албанија првите земји што ќе ја следат новата методологија на проширувањето, и со забрзан чекор ќе станеме членка на ЕУ.
Верувам дека овој парламентарен состав има демократски капацитет за автентични демократски одлуки, што ќе ја постават Република Северна Македонија цврсто на европскиот пат и ќе ги осигураат заедничките европски перспективи” заклучи Ковачевски во своето обраќање.