По повод одбележувањето на 60. годишнината од земјотресот во Скопје, претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на настан посветен на покренување на иницијатива за возобновување на муралот на Борко Лазески „Фреска за НОВ” кој беше уништен во земјотресот во 1963 година.
На настанот насловен „Борко Лазески – уметност достапна за сите”, кој е под покровителство на претседателот Пендаровски, ќе се обратат и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Зоран Трифуновски, теоретичарот на уметност Владимир Јанчевски и ќерката на Борко Лазески, Росица Лазеска.