Средба Милановиќ-Додик на Хвар

Хрватскиот претседателот Зоран Милановиќ денеска се сретна со претседателот на Република Српска Милорад Додик.

– На работната средба, која се одржа на Хвар, претседателот Милановиќ и Додик разговараа за актуелната ситуација во Босна и Херцеговина и за односите на соседната земја со Република Хрватска. Во овој контекст, тие конкретно разговараа за потребата од формирање функционална и ефикасна влада во БиХ која ќе обезбеди еднакво учество на легитимните претставници на сите три нации, соопшти кабинетот на хрватскиот претседател.

– Господинот Додик го информираше претседателот Милановиќ за разговорите и процесите со кои се обидуваат да ја решат институционалната и политичката криза во БиХ, каде што се согласија дека тоа е неопходно за доброто на сите три народи во БиХ, како и за забрзување на европската интеграција на БиХ, се вели во соопштението и се додава дека Република Хрватска ги поддржува и ги поздравува сите договори на легитимните политички претставници на трите народи во БиХ кои обезбедуваат нивна рамноправност, стабилност на БиХ и нејзиниот европски пат.

Треба да знаете
Последни објави