Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со новата директорка на Делегацијата на германското стопанство во земјава (АХК), Антје Ванделт.
На средбата, вицепремиерот Битиќи и посака добредојде во нашата земја на Ванделт, и посочи дека Северна Македонија е атрактивна дестинација за германските инвестиции и многу важен економски партнер, додека Германија е нејзин главен извозен пазар.
Вицепремиерот Битиќи на средбата изрази благодарност за довербата, со надеж дека соработката и партнерскиот однос ќе продолжат и ќе се засилат.
Директорката на Делегацијата на германското стопанство во земјава, Антје Ванделт, се заблагодари за состанокот и рече дека ја ценат поддршката за развој, која германските компании ја имаат во Северна Македонија.
Ванделт посочи дека постојните компании во нашата земја се развиваат, и информираше дека тие се особено заинтересирани за ширење на инвестициите и синџирите за набавка.
На состанокот, соговорниците меѓу другото разговараа и за дуалното образование, при што заедничка констатација беше дека германските компании се главни партнери за неговиот развој, кој дава одлични перформанси.