Пожар избувна во Дубровник, едно од најпознатите туритички места во Хрватска, јавуваат медиумите во регионот.
Се наведува дека гаснењето се одвива бавно, а теренот е тежок.
Ветрот бил силен и огнот набрзо се проширил.
Пожарникарот на Дубровничко-неретванската жупанија Стјепан Симовиќ истакна дека сега состојбата е подобра, но во текот на ноќта ги бранеле куќите., пишува „24сата“.
„Пожарот се прошири многу брзо и им се закани на куќи. Така во текот на ноќта, фала богу успеавме да дојдеме со возилата и да бидеме околу секоја куќа. Што се однесува до западната страна, се искачуваме кон врвот. Се оди побавно, теренот е многу тежок. Активна е и источната страна која во моментов ја гасиме“, изјави Симовиќ.