Пензиите од септември ќе бидат повисоки за шест отсто

Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на својот фејсбук профил објави добра вест за пензионерите. Од септември пензиите ќе бидат зголемени за 6 отсто. 

„Обезбедивме постојан раст на пензиите. Согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9%. Со новата методологија пензиите пораснаа за околу 21%. Септември 2022- 6.8%. Март 2023 – 8.4%, Септември 2023- 6% (проекција). За една година раст од околу 21% или раст за околу 24% од јануари 2022 до септември 2023 година“ напиша Тренчевска. 

Треба да знаете
Последни објави