Албанската полиција уапси две лица во Драч откако беа обвинети дека зеле четворица туристи од Косово како заложници, јавува „Репортери“.
Според информациите од полицијата, еден од сторителите е и сопственик на станот во кој престојувале Албанците од Косово за време на нивниот одмор.
Туристите, наводно, не сакале да платат за сместувањето, па сопственикот заедно со уште едно лице ги држел во заложништво.
Случајот е во рацете на албанското обвинителство.