Гори брод натоварен со 3000 автомобили во близина на Холандија, опасност од еколошка катастрофа

Во пожар на товарен брод кој превезувал речиси 3.000 автомобили пред холандскиот остров Амеланд, загина едно лице, а 22 членови на екипажот се спасени. Алармирани се и германските власти, поради опасност од тонење на бродот.

Товарниот брод, регистриран во Панама, бил на пат од Бремерхафен кон Порт Саид во Египет, кога избувнал пожар, за кој се претпоставува дека е предизвикан од запален електричен автомобил на бродот. Алармот за пожар до крајбрежната стража стигнал кратко по полноќ, а во меѓувреме посадата се обидувала сама да го изгасне огнот, но неуспешно. Посадата е евакуирана од товарниот брод со хеликоптери и бродови, а некои членови на екипажот скокнале во водата, обидувајќи се да побегнат од заканувачкиот пламен.

Во акцијата на гаснење на пожарот набрзо биле доведени специјални единици со  хеликоптери од Ротердам, но наглата брзина на ширење на оневозможил нивно спуштање на палубата.

Пристигнати бродови во меѓувреме се обидуваат да го изгаснат пожарот и истовремено да спречат товарниот брод да потоне, што за последица би имало блокада на една од важните поморски рути кон Германија. Освен тоа, можното тонење на опожарениот товарен брод пред холандскиот брег, како што истакнува градоначалникот на германскиот северен остров Боркум, би предизвикало катастрофални еколошки штети. „Најлошо сценарио би било потонување на бродот и неконтролирано испуштање на штетни материи во морето, како од автомбилите на него, така и од евентуално истекување на нафта“, предупреди Јирген Акерман.

Треба да знаете
Последни објави