Директорот на Царинската управа Богоев се сретна со францускиот амбасадор Бомгартнер

Директорот на Царинската управа Стефан Богоев денеска оствари средба со француската делегација предводена од амбасадорот Сирил Бомгартнер и царинското аташе Кристоф Бержон задолжен за Југоисточна Европа и Западен Балкан.

На средбата, како што информира Царинската управа, директорот Богоев изрази благодарност за долгогодишната билатерална соработка со француските колеги кои во континуитет со нас ги споделуваат новините во царинското работење.

– Истакнати беа претстојните активности за спречување на нелегална трговија со наркотици и оружје, во рамки на проектот што се спроведува преку Глобалната програма за оружје, со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против криминал и дрога. Посочени беа и приоритетните потреби и можностите за поддршка преку специјализирани обуки во доменот на царинското работење со цел подобрување на постапките за лабораториски испитувања, утврдување на царинската вредност и друго, се вели во соопштението. 

Богоев истакна дека во периодот што следи ќе се работи на зајакнување на соработката во областа на царинска контрола и разузнавање, од кои, како што се наведува, досега произлегоа големи придобивки и практична примена во секојдневното оперативно работење на нашата служба. Богоев нагласи дека остануваме посветени на достигнување на повисоки стандарди, поголема професионалност и унапредување на царинските постапки. 

Треба да знаете
Последни објави