Денеска, од 20:00 часот, во Музејот на град Скопје, музичката платформа „Терапија” го организира мултимедијалниот настан: „Зборувај за Скопје – 60 години од катастрофалниот скопски земјотрес”.
Во рамки на настанот ќе се реализираат изложби на реномираниte македонски уметници како: Михаил Корубин, Велимир Жерновски, Антони Мазневски, како и на Зоја Богдановска (кустос-советник, историчар во Музејот), која ќе ја прикаже изложбата „Скопје – градот Феникс”.
Во музичкиот дел, ќе се одржи мини-концерт на Тамара Тодевска во придружба на оркестарот на Здружението на џез музичари и слободни уметници.
Исто така, предвидени се и два DJ сетови на македонските артисти: Соња Исмаил и Андреј Мицајков.
Мултимедијалниот настанот ќе го модерира и води нашиот актер Игор Џамбазов.
Присутните ќе можат да погледнат и проекции на филмовите „Мементо” и „Скопје сонува”.