На Родос прогласена вонредна состојба

Поради пожарите што деветти ден се активни на Родос и предизвикаа огромна материјална штета, веќе на целиот остров е прогласена вонредна состојба. 

Како што објавија грчките медиуми, минатата седмица била прогласена вонредна состојба во четири општини, додека пак денеска, со одлука на Генералниот секретар за цивилна заштита било одлучено да се прогласи и во останатите шест општини на островот.

Пожарот на Родос и понатаму е активен.

Треба да знаете
Последни објави