Агенцијата за одземен имот во периодот од март до јули годинава извршила конфискација на парични средства и спровела продажби на одземен имот за што во Буџетот се префрлени 40 милиони денари односно 650.000 евра, соопшти директорот на Агенцијата Дритон Небиу.
-Агенцијата, во период од март до јули 2023 година, врз основа на правосилните судски пресуди, изврши конфискација на парични средства и воедно спроведе успешни продажби на одземен имот, за што денес во државниот буџет се префрлени 40.000.000 денари односно 650.000 евра, напиша Небиу на „Фејсбук“