Претседателот Пендаровски положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес

 Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска по повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот, на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, почит кон загинатите во земјотресот оддадоа и делегации од Собранието и Владата на Република Северна Македонија и од Градот Скопје, амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во земјава. 

Треба да знаете
Последни објави