Со широко мнозинство грчкиот Парламент го изгласа новиот закон за гласање од странство

Новиот закон со кој се укинуваат сите досегашни ограничувања за гласање на Грците кои живеат во странство, синоќа беше изгласан со широко мнозинство во грчкиот Парламент и со поддршка од 208 пратеници, јави дописничката на МИА од Атина. 

.„За“ гласаа владејачката Нова демократија и опозициските ПАСОК, Победа и Курс на слободата, против беа СИРИЗА и Комунистичката партија, а Грчко решение и Спартанци беа воздржани.

Законот е измена на постоечкиот од 2019 година и меѓу другото предвидува укинување на сите обврски, ограничувања, процедури што го отежнуваа гласањето од странство.

Дава можност да гласаат сите оние кои живеат во странство, но и оние кои привремено се во странство вон Грција на денот на изборите. 

Треба да знаете
Последни објави