Се надеваме на гласовите што ќе ги дадат сите наши пријателски земји, сојузнички земји, на вашиот глас, за кандидатурата на Рим за домаќин на ЕКСПО 2030 затоа што нашето пријателство е долговечно, но и затоа што припаѓама на ист географски простор. Ваквата меѓународна изложба е прилика за значајна промоција на земјите, а тоа ќе биде особена прилика и за Северна Македонија да се истакне, да ги прикаже своите вредности, своите економски потенцијали и туристички можности.
Ова го истакнува Стефано Стефанини, специјален пратеник на Италија за кандидатурата на Рим за ЕКСПО 2030 кој престојува во посета на земјата во рамки на која одржа средби со релевантни претствници од естаблишментот за да обезбеди поддршка за кандидатурата на италијанската престолнина за домаќин на светската изложба за 2030 година.
Италијанскиот дипломат, меѓу другото, изрази задоволство што сведочи на патот што го чекори Северна Македонија кон членството во ЕУ, исто како што го изоде патот до полноправно членство во НАТО. Тој посочи и дека од мај, годинава, Северна Македонија е дел од БИЕ – Бирото за меѓународни изложби (BIE), меѓувладина организација задолжена за надзор и регулирање на Светските изложби, од 1931 година.
-Тоа и дава можност на земјава есенва да гласа за изборот на градот што ќе биде домаќин на ЕКСПО 2030 каде е кандидиран и Рим, вели Стефанини.
Во конкуренција покрај вечниот град, се и Ријад од Саудиска Арабија и градот Бусан од Јужна Кореја.
Во изјава на прашање Стефанини вели дека Италија и градот Милано беше домаќин на ЕКСПО 2015 година, а оваа кандидатура следи откако немало други заинтересирани кандидати меѓу европските земји да бидат организатори на оваа светска изложба
-По Експо 2020 во Дубаи, и претстојниот во 2025 чиј домаќин ќе биде градот Осака, во Јапонија, време е по блискиот и по далечниот исток, да се вратиме на стариот континент. Сите се сеќаваме на големиот успех што го постигна Милано, едноставно се прашавме зошто да не се кандидираме повторно. Затоа сум тука да ги потсетам нашите европски сојузници дека не треба да дозволиме ЕКСПО да биде концентриран само во другите делови во светот, туке е потребен и тука на стариот континент, во Европа, затоа што сметам дека и ние сеуште можеме да бидеме достојни предизвикувачи со останатите делови од светот, вели специјалниот италијански пратеник Стефанини.
ЕКСПО е многу посетен светски саем на кој циркулираат повеќе милиони посетители во текот на самото одржување, но и потоа. Мотото на оваа планетрана промоција е „Луѓе и територии: обнова, вклученост и иновации“ ЕКСПО 2030.
Во ноември, годинава, за време на 173. Генерално собрание на БИЕ, земјите-членки ќе ја изберат земјата домаќин на World Expo 2030 преку тајно гласање на принципот една земја, еден глас.