Комитетот на ОН го осуди кршењето на човековите права во Уганда

Комитетот за човекови права на Обединетите нации (ОН) во извештајот објавен денеска ги осуди вонсудските убиства во Уганда во последните години, како и другите прекршувања на човековите права.

Тој, исто така, ги повика властите во источноафриканската земја да го укинат неодамна усвоениот закон со кој се пропишува смртна казна за некои хомосексуални дела.

Комитетот укажа на извештаите за произволни апсења и притворања од страна на полицијата и безбедносните сили на политички противници, новинари, адвокати, бранители на човекови права, сексуални работници и членови на ЛГБТ заедницата.

Безбедносните сили на Уганда се соочуваат со зголемени обвинувања за бруталност против наводните противници на владата на претседателот Јовери Мусевени, сојузник на САД кој е на власт од 1986 година.

Случаите на вонсудски убиства „треба да се истражат, а сторителите да се казнат“, посочи комитетот на ОН, повикувајќи ги безбедносните сили на Уганда „строго да се придржуваат до принципите на неопходност и пропорционалност“. 

Треба да знаете
Последни објави