Орден за заслуги за Северна Македонија за Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија ќе ги одликува Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Северна Македонија.  

Церемонија на одликување со Орден за заслуги за Република Северна Македонија ќе се одржи во Кабинетот на претседателот во 19:30 часот. 

Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан се смета дека ја сочинуваат најоригиналната постава на легендарните „Леб и сол“, култната македонска група која со своето делување ја испиша современата македонска музичка историја. 

Треба да знаете
Последни објави