Пренасочен авион кој од Белград летал кон Лондон

Денешниот лет на „Ер Србија“ ЈУ380 од Белград за Лондон е пренасочен на аеродромот во Прага, откако на патник му се слошило.

Екипажот веднаш се обидел да му пружи прва помош на патникот, согласно сите процедури кои се применуваат во вакви ситуации.

Авионот на аеродромот го пречекала екипата за итни случаи, пишува „Б92“.

„Со оглед на времетраењето на задолжителната процедура во вакви ситуации, работното време на екипажот истече. Во меѓувреме, компанијата обезбеди нов екипаж кој пристигна во Прага и летот JU380 наскоро ќе продолжи за Лондон“, соопштија од Ер Србија, појаснувајќи дека повратниот лет JU381 од Лондон за Белград ќе се реализира во доцните вечерни часови.

„Надлежните служби прават се што е во нивна моќ да им помогнат на патниците кои имаат проблем со летовите поради доцнење и да ги пренасочат на алтернативни летови или да им овозможат хотелско сместување доколку е потребно“, соопштија од „Ер Србија“.

Треба да знаете
Последни објави