СДСМ: Уставните измени го отвораат патот кон членство во ЕУ и пристап до значително поголема финансиска поддршка

Европската Унија е убедливо најголемиот донатор во Западен Балкан, како и во нашата држава.

Само преку ИПА програмата, досега, во земјава, за модернизација на инфраструктурата и развој се вложени околу една милијарда евра неповратни средства.

ИПА 3 програмата е веќе започната и проектираните средства за 2021, 2022 и 2023 година се во вкупен износ од околу 243 милиони евра.

Преку ИПАРД 2 програмата имавме на располагање 60 милиони евра, коишто поради најголемата искористеност од 98 проценти, во ИПАРД 3 програмата се зголемени на нови, неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство.

Поради функционалното партнерство со ЕУ што го имаме, Европската комисија одобри и 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија, откако претходно добивме 160 милиони евра за ублажувањето на економските последици од пандемијата, како и грант од 80 милиони евра за справување со енергетската криза.

Оваа поддршка ќе продолжи, со многу повеќе средства, преку нови програми и фондови, кога ќе станеме членка на Европската Унија.

Затоа е важно сите пратеници да дадат поддршка на уставните измени по што ќе се отворат првите поглавја и процесот на преговори сериозно ќе се забрза, со цел да ја реализираме стратешката цел – членство во ЕУ до 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави